Според Институтот за војна, Украина во контранапад си враќа дел од окупираните делови во Северодоњецк


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според најновите, дневни анализи на Институтот за војна (ISW), украинските сили продолжуваат со локалните контранапади против руските сили.

Меѓу другото, со изненадувачки контранапад во изминатите неколку дена ослободени се големи делови од Северодоњецк, градот што минатата недела беше пред целосен колапс.

Минатата недела од овој град доаѓаа информации, па дури и од украински извори, дека Русите контролираат 80 отсто од градот. Севернодоњецк е стратешки важен град во Луганската област, последниот голем град во овој регион контролиран од Украинците, поради што Русите таму испратија поголем дел од своите сили. Русите минатата недела го контролираа центарот на градот, но сега се вратени на неговата источна периферија.

Според ISW, 70 отсто од градот е ослободен.

Украинците исто така почнаа контранапад северно од Харков.

За тоа време руските сили продолжија со напорите да се доближат до Славјанск, но се уште е малку веројатно дека ќе постигнат значителен напредок околу овој град поради континуираното давање приоритет на заземањето на Севернодоњецк, пишува ISW.