Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонија и годинава останува со речиси истата оценка како и лани во извештајот за Слободата во светот во 2017 на организацијата Фридом Хаус.
Откако во минатогодишниот извештај беше апострофирана како пример за тонењето на демократските стандарди во Европа, годинава Македонија мирува на листата на Фридом Хаус. Земјата и натаму има статус на делумно слободна земја со ниска оценка за политичките права и уште послаба за граѓанските слободи. Во делот на слободата на медиумите останува оценката неслободна која ја доби уште минатата година, со што е една од ретките во Европа, во друштво на Турција и Русија.
Поединечните извештаи за сите земји сe уште не се објавени од Фридом Хаус, а во заедничката оценка за земјите од Балканот се наведува дека тамошните политички моќници и натаму ги кршат демократските процедури.
На Балканот се случи понатамошно влошување на процесите за фер избори и владеење на правото, откако ЕУ ја запостави својата улога на промотор на демократијата меѓу потенцијалните земји-членки. За разлика од минатото кога можеби постоеше придржување до нормите на ЕУ, лидерите во БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија ги напаѓаа критичарите од цивилното општество, ги опструираа истрагите за малверзациите на владите, и ги игнорираа уставните процедури, дури и во ситуации кога траеја преговорите за влез во ЕУ, во најголем дел непречено.
Набљудувачите изразуваат загриженост дека напредокот кон демократските стандарди е заменет со отровна мешавина од национализам, корупција, дисфункционално владеење и мешање на Русија, наведува Фридом Хаус.
Македонија, во минатогодишниот извештај на Фридом Хаус се најде на европското дно. Во извештајот беше нотирано назадување во шест категории: демократско владеење, изборен процес, независни медиуми, правна рамка и независност, корупција и демократски рејтинг. Во седмата категорија, граѓанско општество, тогаш беше забележано мало подобрување.