Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според пописот кој го објави Forbes за славни ѕвезди кои заработиле најмногу во изминатава 2016 година низ светските киносали, филмската ѕвезда Скарлет Јохансон се наоѓа на врвот, благодарение на улогите во The First Avenger: Civil War и Ave, Cezar!.
Заработката од филмовите со Скарлет Јохансон во кината ширум светот се 1,2 милијарди долари. The First Avenger: Civil War донесе 1,15 милијарди долари. Со Ave, Cezar! актерката ги претекна Крис Еванс и Роберт Дауни Џуниор, со кои играат заедно во блокбастерот.
На четврто место е австралиската актерка Марго Роби со 1,1 милијарди долари благодарение на филмовите Suicide Squad и The Legend of Tarzan.
Британката Фелисити Џонс влезе во листата на Forbes за прв пат благодарение на улогите во Rogue One: A Star Wars Story, Inferno и A Monster Calls . Таа е на деветтото место.
Forbes ги прави пресметките врз основа на продажбата на билети за кината во целиот свет за филмовите на водечките холивудски актери. Рангирањето не опфаќа анимации како Finding Dory. Овој филм на Disney е на второ место по приходи во светот оваа година со 1,02 милијарди долари.