Според Finance Think просечна плата во 2018 година ќе биде околу…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според проценките на Институтот за економски и политички истражувања, Finance Think, просечната нето плата за 2018 година ќе се движи околу 24.000 денари.

Наглиот пораст на просечната плата во јануари 2018 година според нив не може да се толкува дека е резултат на порастот на минималната плата, а забележаниот значителен пад на месечно ниво на просечната нето плата во февруари не е за изненадување.

Во февруари 2018, просечната нето плата во Република Македонија забележа значителен пад на  месечно ниво од 3,6 проценти, притоа одржувајќи го започнатиот тренд на годишен раст од претходно, од 3,6 отсто. Во јануари 2018 годишниот раст изнесуваше 5,6 отсто, поради што нето платата за првпат се искачи над 24.000 денари.