Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во интервју за Радио Тајмс, Крег рекол дека „едноставно треба да има подобри улоги за жените и актерите од сите раси“. „Зошто жената треба да го глуми Џејмс Бонд кога треба да има улога толку добра како Џејмс Бонд, но создадена за жена“„ смета Крег.
Ова не е првпат некој поврзан со филмовите на Џејмс Бонд да ја отфрли можноста жена да ја игра главната улога. Во интервју за Variety 2020, продуцентката на франшизата, Барбара Броколи рече дека „Џејмс Бонд може да биде од која било раса, но да е маж“.
Таа објаснила дека го смета тоа затоа што повеќе би сакала да создаде нови ликови што би можеле да ги играат жени отколку да им даде на жените улога првично напишана за мажи.
„Верувам дека треба да создадеме нови ликови за жените – силни женски ликови. Не сум особено заинтересирана да им дадам оригинално машки карактер на жените. Мислам дека жените се многу поинтересни од тоа”, заклучила таа.