Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Експертски тим од Управата за храна и лекови на САД (FDA) тврди дека третманот на лицата заразени со коронавирус најверојатно бара комбинација на антивирусни, антиинфламаторни и други лекови со индивидуално прилагодена терапија на секој пациент.
„Како што има повеќе и повеќе клинички студии и резултатите постепено стануваат достапни за научниците, станува се повеќе јасно дека веројатно нема само еден магичен пристап за лекување на пациентите со „Ковид-19“ и мора да примениме комбинација од неколку мерки за да дејствуваме на клучните фактори” , напишале Монтсерат Пуиг и нејзините колеги во извештајот објавен во списанието Frontiers of Immunology.
„Додека вакцината и лековите наменети за третман на „Ковид-19“ не се достапни, веројатно ќе треба индивидуално да ја прилагодиме терапијата кон секој пациент. Нашата сегашна практика укажува дека САРС-КоВ-2 делува различно на различни пациенти и исходот на болеста е под влијание на голем број фактори “, истакнуваат авторите на студијата, како што јави Си-Ен-Ен.
Студијата, која вклучува истражување на 30 различни лекови користени досега, укажува на тоа дека различни терапии би можеле да бидат ефективни во различни фази на болеста.
Во раните фази на болеста, веројатно ќе биде доволно да се примени третман насочен кон спречување на влегување на вирусот во клетките, како и нивната репродукција, рече Пуиг, додавајќи дека кај пациентите со потешки симптоми би било поважно и поефикасно да се засили реакцијата на имунолошкиот систем. .
Досега, ниту еден лек не е одобрен како терапија наменета исклучиво за третман на инфекција со коронавирус, иако Управата за храна и лекови дозволи употреба на антивирусниот лек ремседивир во итни случаи.