Спонзоруша пронашала милионер за кој мислела дека ќе ја издржува, а тој ја ограбил!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


21 годишната Ана Рајан од Бредфорд на потежок начин научи дека воопшто не е лесно да се стане спонзоруша.

Пред три години преку интернет се обиде да пронајде спонзор, но наместо тоа, налетала на сериски преварант кој и ја зеде заштедата.

„Ми беше доста од младичи на мои години и одлучив да пронајдам некој кој ќе ме разгали“ вели отворено.

На предлог од пријателката се пријавила на веб сајатот каде што млади и убави девојки бараат ситуирани мажи.

Многу брзо и се јави Џејмс Волш кој се претставил како богаташ кој заработува 50 милиони фунти годишно.

Исто така и рекол дека има станови во Дубаи и на други локации.

„Набрзо си разменивме броеви од мобилните и следните седум месеци непрекинато бевме во контакт. Беше шармантен и забавен. Ми праќаше слики од своето Ламбурџини и зборуваше за рудникот за злато кој го има“ вели Ана.

После долгото допишување конечно прифатила да се најдат. Барал од неа со автомобил да дојде по него, бидејќи наводно Ламбурџиниот му се расипал, но ја импресионирале неговите деловни разговори и златниот Ролекс кој го носел на рака.

„После вториот состанок ме повика кај него дома бидејќи родителите му биле на пат, а тој ме нарече и негова девојка. Ми ветуваше дека ќе најде место во неговиот стан и планиравме заедничка иднина“ вели таа.

Се изгледаше преубаво додека не спомна дека мора да плати 5.000 фунти казна поради грешка на еден од своите вработени.

„Почна да бара пари од мене многу агресивно. Викаше дека сум себична и дека парите му требаат одма. Ме нетаре да ја побарам банката и да му позјмам пари, а потоа замина од мојот автомобил“ вели Ана.

„Одма им кажав на мајка ми и на полицијата. Јас и уште осум девојки сведочевме против него и заврши во затвор на 15 месеци. Моите пари не успеав да ги вратам, но мило ми е што помогнав да биде осуден за да не излаже уште некој“ заклучи таа.