Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се собираат пред Кривичниот суд во Скопје, каде протестираат поради новите обвиненија поднесени од страна на СЈО.
Вчера СЈО до Судот поднесе 17 обвиненија против 94 лица. Меѓу осомничените во предметите се и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и други министри од претходната владина гарнитура и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Поддржувачите на опозицијата и вчера беа пред Судот.
Еден од анкетираните граѓани за Макфакс рече дека тие се на улиците бидејќи СЈО за криминал гони луѓе кои не направиле ништо и се исправни.
Пратеникот Драган Данев рече дека треба да се изрази револот и не одговори кој е организатор на вчерашниот протест.