Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Портпаролот на македонската Влада, Миле Бошњаковски, на прашање за промената на имињата на државните институции како МАНУ, МРТ, АРМ и слично, одговори дека ќе мора да се прилагодат и да го следат духот на договорот со Грција.
За инфомациите за некои нови имиња или преселби на спомениците од проектот Скопје 2014, Бошњаковски рече дека спомениците остануваат таму каде што се и ќе претствуваат симбол на пријателството.
„На спомениците ќе се стават натписи со појаснување. На пример Воинот на коњ ќе се вика споменик на Александар Македонски со објаснување дека е симбол на хеленскиот антички период и останува како симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција. Истото ќе важи и за споменикот на Филип 2 и Олимпија. Сите споменици ќе бидат обележани во насока на зајакнување на пријателството. Не се срамиме да ги нарекуваме спомнениците такви како што се“, Бошњаковски.
Тој рече дека основата на договорот е како Грција го толкува и поимува терминот Македонија.
„Тие го прифатија како ние го поимуваме и толкуваме терминот Македонија. Се прави јасна дистинкција што е прифатливо за нас и што е прифатливо за нив. Ние сме Македонци. Официјалното ново име ќе биде преведиено на сите јазици. Македонскиот јазик е утврден во ОН и тој останува таков, нема да постои фуснота во ОН. Во договорот постои член во кој велиме дека македонскиот јазик е дел од јужнословенските јазици. Останува македонскиот јазик“, рече Бошњаковски.
Портпаролот на Владата појасни дека државните симболи не беа дел од преговарачкиот процес и дека химаната и другите симболи не се менуваат.
„Ова е клучен, историски момент за граѓаните на Република Македонија, пред нас е европерспективата, членството во НАТО. Сите политички субјекти на Република Македонија ќе бидат свесни и ќе знаат во каква политичка состојба се наоѓаме. Ние имаме конструктивен приод. Таа е насоката”, рече Бошњаковски и додаде дека договорот ќе биде објавен откако ќе се разгледа и усвои на владина седница.
Извор: МКД.мк