Споменикот кој ја раскажува ужасната приказна за смртта на 82 деца


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Втората светска војна во историјата на човештвото е забележана како најсмртоносниот и најкобен судир. Се проценува дека помеѓу 50 милиони и 85 милиони луѓе ги загубија своите животи во најфаталната меѓучовечка војна во историјата.

Меѓу најсуровите и најѕверски злосторства на нацистите во оваа војна е уништувањето на селото Лидице, на територијата на тогашна Чехословачка.

Погромот во Лидице бил одмазда за смртта на Рајнхард Хајдрих, германски протектор, врз кој шест дена претходно бил извршен смртоносен атентат од страна на чехословачките диверзанти. Одмаздата која ја доживеало Лидице остана како незапаметена во историјата.

Сите возрасни мажи во Лидице биле убиени, жените биле одведени во концентрациони логори, заедно со дел од децата, освен оние кои имале ариевски изглед и „биле погодни за германизирање“, па им биле дадени на одгледување на припадниците на СС силите. Останатите деца биле убиени. Лидице било целосно уништено, гробиштата преорани, а рибникот затрупан.

Причината поради која Хитлер ги казнил жителите на Лидице со најтешката и најгрозоморна казна е информацијата дека еден младич од селото бил припадник на чешката војска во Англија.

Биле убиени вкупно 173 мажи, 184 жени и 88 деца биле одведени во логорите. Од нив 82 деца биле погубени во гасните комори во логорот Хелмно. Во селото се вратиле само нивните бронзени статуи.

Во спомен на 82-те деца убиени во текот на летото во 1942 година, во Лидице, кое денес се наоѓа на територијата на Чешка, поставена е групна бронзена скулптура од скулпторката Марие Учитилова-Кучова. Таа би чешка скулпторка и професорка по уметност родена 1924 година. Злосторството во Лидице посебно силно ја погодило, па во 1969 година решила да направи бронзена скулптура со цел тој грозомор никогаш да не биде заборавен.

На изработката на 82 статуи на деца во природна големина работела 2 децении. Во текот на овие 20 години голем број граѓани го посетиле нејзиното ателје за да ја видат изработката на споменикот, а биле собирани и парични средства за олеснување на работата на скулпторката.

За жал, таа тие пари никогаш не ги видела. Починала во 1989 година, а зад неа оставила 3 бронзени детски статуи. Другите 79 биле изработени од гипс. Нејзиниот сопруг Ј.В. Хампл решил да ја продолжи нејзината работа. До 1995 година биле изработени 30 статуи во бронза, а последните биле откриени во 2000 година.

Селото никогаш не е обновено, а во непосредна близина е изградено Ново Лидице.