„Спојлери“ на сите страни: Започна емитувањето на последната сезона од „Game of Thrones“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осмата и последна сезона од планетарно популарната серија „Game of Thrones“ започна со емитување на НВО во три часот по полноќ по наше време.

Епизодата носи наслов „Winterfell“ ја режираше Дејвид Натер и веќе предизвика големи реакции кај обожавателите на франшизата ширум цел свет.

Оние обожаватели кои не ја погледнаа првата епизода од последната сезона од серијата, ќе треба да бидат внимателни на интернет пред да ја изгледаат, бидејќи интернет просторот е преполн со „спојлери“ за истата.

Осмата и последна сезона од „Game of Thrones“ ќе биде најкратка досега, со шест епизоди, а финалето на серијата, која ја потпишуваат Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс е закажано за 19 мај.