Филм / ТВ

„Спојлер“ за Peaky Blinders: Вознемирувачки крвави сцени кои ги шокираа гледачите

Започна петтата сезона од хит серијата Peaky Blinders, а емитуваните сцени веќе ги шокираа гледачите. И тоа е сè што ќе ви кажеме пред важното предупредување.

Текстот во продолжение содржи „спојлер“ за новата, петта сезона од Peaky Blinders, па ако немате почнато да ја гледате, немојте да читате понатаму.

Во втората епизода од најновата сезона на популарната британска серија браќата Били крвнички го убија Бони Голд пред очите на неговиот татко Аберам (Ејдан Гилан). Боксерот (Џек Рован) и платениот убиец ги напаѓаат Џими МекКаверн (Брајан Глисон) и неговите луѓе. Откако ќе го онеспособат Аберам ранувајќи го во раката, бандата го тера да гледа како крвнички го претепуваат Бони, пред да го распнат на дрвен крст, да го подигнат и да ги застрелаат.

Браќата Били бараат одмазда откако Peaky Blinders ќе го уништат нивниот педофилски ланец во првата епизода од петтата сезона.

Сцената ги шокираше обожавателите на серијата и на Твитер на големо ги изнесуваат своите ставови и мислења за судбината на еден од омилените ликови. Заеднички заклучок е дека заслужил малку понебрутален крај.

„Значи, Бони умре на ТАКОВ начин, а јас после тоа треба да спијам додека во главата ми е плачот од Аберман“, напиша еден посветен обожавател на серијата.

„Peaky Blinders, кажете ми зошто, зошто“, напиша друг.

Ликот на Бони се појавува во четвртата сезона од хит серијата, како амбициозен боксер.

Advertisements
To Top