Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Технолошка уникатност, иновативност во концептот за камера со двојна леќа во соработка со легендарната Leica, совршен дизајн и извонредни оперативни можности, сите овие карактеристики се споени во носечкиот модел на Huawei – P9, кој овој пат доаѓа и во елегантна сина верзија.
Новина овозможена од Huawei е тоа што сината верзија на овој смартфон се нуди со мобилен полнач од повисока класа, што дава можност за 30 отсто побрзо полнење на батеријата во споредба со претходниот полнач. За само 30 минути уредот се полни и до 50 проценти.
Квалитетот на сликата и брзината на фокус на фрејмовите кои ги прави камерата потпишана од Leica со двојна леќа придонесуваат за креирање фотографии со извонреден интензитет, реализам и стил. Двојната камера ја издигнува смартфон-фотографијата на ниво што до овој миг е непозната, односно на корисниците им дава шанса да уловат и динамични бои и одушевувачки црно-бели моменти.
Мора да се напомене дека компанијата го применува овој иновативен пристап не само кај фотографијата, туку и кај беспрекорниот дизајн, ултрабрзиот систем за препознавање отпечатоци, како и кај фантастичниот екран, со цел да ги импресионира потрошувачите на сите страни од светот. Моделот P9 има неверојатно брз процесор и ја користи последната верзија на оперативниот систем Андроид.
Сите овие предности, во комбинација со новиот „син тон“ со право му ја доделуваат лидерската позиција на Huawei P9 на полето на смартфоните од висока класа. Huawei P9 дефинитивно е една од најдобрите понуди за 2016 година и на македонскиот комерцијален пазар се очекува да пристигне во декември.