Спој на импозантна елеганција и заводливост: Белучи во проѕирен фустан на црвениот тепих


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога актерката Моника Белучи ќе стапне на црвениот тепих на било која јавна манифестација, сите објективи се фокусираат на неа и нејзината импресивна појава.

Белучи ја доби улогата на претседателка на жирито на Филмскиот фестивал во Динард. По тој повод, 54-годишната актерка веќе неколку дена престојува во Франција.

На црвениот тепих на отворањето на фестивалот, убавата Италијанка зрачеше со сексапил во црна проѕирна креација. Припиениот фустан одлично ги потенцираше нејзините препознатливи облини.