СПОДЕЛИ МУЗИКА: Тони Зен – „Тишина“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нова песна и видео спот на Тони Зен, која е поместена на неговиот нов албум „Од изворот на изборот“ (2019).

Текст, вокал и продукција – Тони Зен. Режија – Били Д и Тони Зен, светло: Христо Ежовски, „тајмлапс“ на изгрејсонце кај Скопје: Никола Клинчаров.

Музика и аранжман: Кирил Бабамов и Тони Зен, акустична гитара: Кирил Бабамов, перкусии: Ратко Даутовски, бас гитара: Мартин Јосифов, флејта: Борислав Веселинов, инженер на звук: Бојан Филиповски „Gloomie“, снимено во „Knobs Keys ‘n Stuff“ студио, микс и мастеринг: Мите Димовски – Tralala Studio.

Лесно е да имаш многу, кога многу има
Лесно е да направиш во песокот прашина
Лесно е да избегаш по патот во кривина
Лесно е да направиш галама, да те видам направи тишина

Апсолутно буден, потполно сум препуштен
надвор од галамата во тишинава сеуште
Одврзан од мисли, ослободен сум од тело
некогаш подвоен, сега сум едно цело
Нема минато ни иднина овдека
без идентитети, постои само сега
Празното е полно, во ништово овдека
без идентитети постојам само сега
Сега умот ми е празен, а душава е полна
љубовта е бескрај, во празнинава огромна
Вистината е болка, со страдања и чувства
по патека со трња, низ директни искуства
Длабоко во себе сум, осетлив на секој шум
никој сум и ништо, во тишина со празен ум
Низ трагањево длабочина ме зема
времево е концепт, а просторов го снема

Лесно е да имаш многу, кога многу има
Лесно е да направиш во песокот прашина
Лесно е да избегаш по патот во кривина
Лесно е да направиш галама, да те видам направи тишина