Музика

СПОДЕЛИ МУЗИКА: Сите лица на „Adagio“ од Албинони и Џаѕото

„Адаџо во Г-мол за виолина, жичани инструменти и органа“ е нео-барокна композиција чие авторство традиционално му се припишува на венецијанскиот музички мајстор од 18-ти век, Томазо Албинони, но која всушност е компонирана од музикологот и биограф на Албинони од 20-ти век, Ремо Џаѕото, базирана на откриен фрагмент од музички запис на Албинони.

Има постојана академска дебата за реалното постоење на фрагментот, или пак станува збор за „местенка“ направена од Џаѕото. Сепак, авторството за „адаџото“ неспорно му припаѓа на Ремо.

Во светот на историјата на музиката, оваа композиција има доживеано многу одлични изведби и преработки од оркестри, инструменталисти и музички изведувачи од различни профили, како и бројна употреба во различни други уметнички контексти (ТВ, филм, популарна музика, литература).

Еве ја во една од најдобрите (ако не и најдобра достапна на интернет изведба во живо) од страна на камерен оркестар.

Еве ја верзијата на Пако Де Лусиа со оркестарска придружба.

Еве ја верзијата со текст на шведската пејачка и актерка Моника Зетерлунд.

И малку потврдата верзија на Ингви Малмстин.

Нема да ве оставиме и без поетската длабочина на Џим Морисон.

Одлична изведба на виолина, во живо, со оркестарска придружба, има и Дејвид Герет.

За крај, ќе ве оставиме да уживате во звуците на „адаџото“ во многуте негови верзии, како и малку сами да истражувате и да откривате нови изведби. И секако, споделувајте – оти сè што е убаво, вреди и треба да се споделува.

Advertisements
To Top