Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Една од најпопуларните француски пејачки на денешницата во светски рамки, одличната Изабел Жефрој, во јавноста позната под уметничкото име Zaz, ја претстави својата нова песна „Qué vendrá“.
Песната „Qué vendrá“ е прв сингл од нејзиниот четврт албум „Effet Miroir“ кој ќе биде објавен на 16 ноември.
„За мене оваа песна е одење по стазата на животот. Изминатите осум години патував и настапував ширум цел свет, а оваа песна ме потсетува на многу мигови“, вели Zaz.