СПОДЕЛИ МУЗИКА: „Ова мора да престане“ – порачува со песна Ерик Клептон за рестрикциите поради коронавирусот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ерик Клептон објави нова песна со наслов This Has Gotta Stop (Ова мора да престане), во која славниот музичар очигледно ги изразува своите фрустрации од одговорот на властите на пандемијата на коронавирус.

Во последниве месеци, славниот рокер јавно се спротивстави на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот. Во декември минатата година, тој ја сними песната Stand and Deliver со Ван Морисон, една од многуте песни што овој познат северноирски пејач-текстописец ги напишал против заклучувањето.

Новата песна на Клептон This Has Gotta Stop е придружена со анимирано видео, прегледано повеќе од 650.000 пати од петокот, и на кое се прикажани луѓе хипнотизирани од медиумите и демонстрантите со натписи како Слобода.

„Ова мора да престане. Не можам повеќе да ги поднесам овие глупости. Претерано е”, пее 76-годишниот музичар во новата песна.

Клептон претходно ги критикувал вакцините против Ковид-19, по неговото искуство со вакцинацијата со АстраЗенека, што рече дека резултирало со „катастрофални“ последици по неговото здравје.