Home Шоубизнис СПОДЕЛИ МУЗИКА: Луциден сон – „Немирно време“, нова енергија на македонската авангардна музичка сцена

СПОДЕЛИ МУЗИКА: Луциден сон – „Немирно време“, нова енергија на македонската авангардна музичка сцена

Тандемот Костадин Стојаноски и Гоце Кантар под проектното име „Луциден сон“ внесуваат нова енергија на македонската музичка сцена.

Нивниот прв сингл, „Немирно време“ веќе е достапен во јавноста и наиде на позитивни критики и прием кај слушателите кои имаа можност да ја чујат песната.

„Немирно време треба да најави освежување и нов звук на македонската алтернативна музичка сцена, кој сигурно веќе подолго време недостасува. Оваа песна се обидува да го отслика времето во кое живееме, но истовремено е и мотив кој побудува надеж и желба за поинакво утре“, вели Костадин Стојаноски од „Луциден сон“.

Текстот и музиката ги потпишува Стојаноски, а миксот и вокалот се на Гоце Кантар.

Од Луциден сон најавуваат активна 2021 година, со уште неколку идеи кои допрва ќе бидат промовирани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…