СПОДЕЛИ МУЗИКА: Крсте Роџевски – „Дијазепам“, игриви стихови на свилениот докторски глас


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Битолски вибрации во њујоршкиот воздух од првиот соло албум на битолчанецот со њујоршка регистрација Крсте Роџевски, гитарист, композитор и лекар кој својата љубов кон музиката и музичкото колекционерство ја негува уште од ’90-те години на минатиот век, кога во битолските клубови настапуваше заедно со сегашниот пејач на Фолтин, Бранко Николовски, како тандем под името „Жешка контрабанда“.

Потоа замина во Њујорк и стана сертифициран психотерапевт, работа која еве повеќе од една деценија го задржува во Големото Јаболко. „Батанија“ е негов прв соло албум со кој на голема врата се врати во музичките води.