СПОДЕЛИ МУЗИКА: „Jazz (to the working class)” – нов албум на маестралните „Светлост“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После нивниот деби албум „Odron Ritual Orchestra“, која во годишниот избор на Bandcamp беше вброен во најдобрите џез албуми за 2019 година во светски рамки, маестралните џезери „Светлост“ го издадоа нивниот втор албум.

За разлика од големата оркестарска екипа која стоеше зад музичката реализација на првиот албум, на ова студиско издание „Светлост“ се оригиналниот состав како трио, фокусирани на амбиенталните и електронски звуци и врева комбинирани со акустичен џез.

Албумската снимка е направена за време на нивниот трет концерт, одржан во студиото на радиото „Канал 103“. Музиката на „Jazz (to the working class)“ е компонирана специјално за овој настап, со што е практично уникатна и неповторлива. Албумот е посветен на работничката класа, на која момците од „Светлост“ со гордост припаѓаат.

„Светлост“:

Нинослав Спировски (кларинет, сопрано саксофон)

Кристијан Новковски (перкусии)

Дени Омерагиќ (бас гитара, клавијатури, електроника)

Компонирано од Новковски/Омерагиќ/Спировски. Снимено во живо во „Канал 103“, 1. јануари 2018 година.

Извршни продуценти: Владан Дробицки и Мирко Попов.

Издавач: PMG Jazz