СПОДЕЛИ МУЗИКА: „Јано мори“ одлично легна на свилениот глас на Марија од „Ај Кју“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бојан Трајковски и Марија Ивановска од „Ај Кју“ направија одлична стилска и вокална преработка на народната песна „Јано мори“, која очигледно фантастично ѝ легна на бојата на гласот на Марија.

Главниот и одговорен иницијатор за оваа уникатна преобразба на „Јано Мори“, Бојан, совршено го вметнува својот печат преку неговото препознатливо свирење на гитарата и мелодиското развивање на самата песна.

За песната е изработен и видео спот во режија на Кристијан Шемко.