Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Популарното музичко дуо Дац и Александар социјалните мрежи и на својот јутјуб-канал ја промовира својата нова авторска песна, „Душа бакшиш“, боемска балада за сите генерации.
Актерот Драган Спасов и кантавторот и продуцент Александар Митевски, на двегодишнината од нивното постоење како музичко дуо, на своите фанови им подаруваат нова песна проследена со видеоспот.
Според зборовите на Дац и Александар, оваа балада е продолжение на приказната на хитот „Уште ми фалиш“, која ја отпеаја на „Макфест“ пред две години, која веднаш влезе во срцето на публиката во земјава и пошироко.