Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ненаметливо и ненападно“ застанат меѓу сивиот умножен лик на едноличното секојдневие, со рацете в џеб, десперадото Филч си млачи среде субјективната и колективна летаргична резигнираност и општествената удобна умртвеност во баналност на делникот.
Презирот кон малограѓанштината на неговиот спектаторски поглед од зад фантомските очила му се манифестира низ разложената ритмичка хармонија, додека со оптимистички продорниот пркос стрела преку луцидните соло партии од гитарско-клавијатурната блуз експресија.
Со свртениот грб кон отапените думи и изгубените погледи на умноженото едноличие, строи како своевиден тотем визуелно дефиниран од музичката апотеоза на духовниот бунт и револт на прогресивните блуз-бандити кои авторски и инструментално ги потпишуваат овие блузерски скитања и авантури по мрачнината и мачнината на урбаната обескарактерена сештотија.
Burgundy Stained Lapel е ново парче музика со најавна димензија на комплетното ново издание на Filch од кое тоа е дел – вториот албум „Underdog“.
„Underdog“ е аудио-видео проект со илустрации и loop анимации за повеќето инструментални композиции, изработени од Вања Шереметкоска и Михаил Наумов, додека за аудиото се погрижи Ѓорѓи Вацев.
Осврт: Александар Еленин