Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Barcelona Gipsy Balkan Orchestra е мешан музички „дрим-тим“ кој ги полни светските концертни сали со својот егзотичен музички дискурс во кој комбинираат џез, етно, клезмар и други музички правци.
Во април оваа година имаа промоција на својот најнов албум насловен како „Аvo Kanto” кој го промовираа низ цела Германија.
За време на нивниот настап во Минхен, тие ја изведоа и најпознатата македонска песна „Maкедонско девојче”, a публиката се крена на нозе.
Дрим-тим музичката банда ја сочинуваат: Сандра Сангиао (вокал, Каталонија/Шпанија), Матија Широса (хармоника, Италија), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Стелиос Тогијас (удирачки инструменти, Грција), Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Даниел Карбонел (кларинет, Каталонија/Шпанија) и Олександр Сора (виолина, Украина).