СПОДЕЛИ МУЗИКА: Вака звучи изгрејсонцето на Марс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Деновиве, сета светска медиумска слава повторно ја собра еден новопечен „марсовец“ кој по шест месеци и изминати 428 милиони километри, конечно стигна на неговото крајно одредиште – Црвената планета. InSight сондата од НАСА успешно слета на Марс каде ќе ја истражува неговата површина и подповршина и ќе испраќа податоци до научниците тука, на Земјата.

А ние како да го подзаборавивме (море, да бидеме искрени, целосно го заборавивме) еден друг истражувачки ровер кој на Марс слета во 2004 и уште е таму, иако веќе „пензиониран“. Ви текнува на Opportunity? Роверот ја надмина својата временска рамка за оперирање и истражување на Марс за цели 14 години и 215 дена подолго од што беше предвидено. Оваа година Opportunity засекогаш се одјави кај своите „шефови“ на Земјата и замина во марсовска пензија.

Но, британските научници Женевјев Вилијамс и Доменико Вичинанца не само што не го заборавиле Opportunity, туку трајно ја овековечија неговата работа преку една негова фотографија од изгрејсонце на Марс. Тие двајца, со помош на постапката наречена „сонификација“ успеаја таа една слика од изгрејсонцето на Марс да ја преточат во музика, доделувајќи му на секој пиксел од фотографијата одредена висина на тон и мелодија.

И кога ќе ја чуете оваа музичка изгрејсонцевина, ќе се почувствувате токму онака како што се чувствувате кога во живо гледате изгрејсонце – спокојно, смирено, пријатно, убаво. Уживајте.