Спискал 30.000 долари за да личи на „Кралот на поп музиката“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


22-годишниот Лео Бланко од Буенос Аирес до таа мера е опседнат со починатиот крај на поп музиката, Мајкл Џексон, што наводно потрошил 30.000 долари на пластични хируршки интервенции за да биде негова копија и целосно да личи на него.

Лео дури 11 пати досега легнал под хируршкиот нож на пластичните хирурзи. Бланко инаку е само еден од илјадниците луѓе од целиот свет кои сакаат да изгледаат како легендарниот пејач Мајкл Џексон.

Опсесивниот Лео со само 15 години започнал да ја следи кариерата на Мајкл Џексон, и веќе тогаш знаел дека сака да изгледа како него.Со само 15 години Бланко ја направил и првата пластична операција , по која направил уште десет со цел што повеќе да личи на кралот Мајкл Џексон.

Младиот Аргентинец смета дека се уште потполно не е идентичен на Мајкл Џексон, и има намера уште неколку пати да оди на операции се додека не биде задоволен комплетно од својот изглед.