„Списка“ над 500.00 фунти на 200 пластични операции за да личи на стрип хероина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пикси Фокс, е една од зависниците од пластични операции која има направено повеќе од 200 операции со цел да изгледа како лик од цртан филм или поточно како стрип хероина.

Таа потрошила над 500.000 фунти како би и извадиле 6 ребра и нејзината половина би изгледала послаба, како вилицата би и била скршена и би се добило впечаток на помала брада, промена на бојата на очите, липосукции и зголемувања на градите.

Нејзина голема желба е да издаде серија стрипови во кои таа би била главниот лик кој се бори против криминалот.

Пикси се појави на ITV’s со цел да ја одбрани својата опсесија со хирургијата тврдејќи дека и самата некогаш била против неа, сè додека не се развила страст и не станала експерт во тоа поле.

„Јас не го правам тоа за суета, само давам поддршка како индустријата за убавина би одела нанапред. Причините за екстремната хирургија произлегоа од визијата по која сонував да ја остварам уште од дете“, објасни таа

Таа планира уште поекстремна операција која ќе биде изведена од нејзиниот врат нагоре.