Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жу Ју е кинески фармер кој во јавноста стана познат по тоа што потроши повеќе од 100 илјади евра за во период од една година да си направи реплика на авионот Airbus А320 во природна големина.
Како што раскажува тој, уште од дете сакал авиони и сонувал дека еден ден ќе има свој.
Моделот на авионот го изработил во индустриски парк. Долг е 37,8, широк 36, а висок 12 метри. Во него има 40 тони челик.
„Само сакав да си го остварам сонот. И успеав, сега се чувствувам побогато“, вели Жу кој на својата „играчка“ му додаде и вистински мотор.
Проектот го започнал во 2016. година, а пред да започне со изградбата на авионот, три месеци се подготвувал и ги проучувал нацртите.
„Има уште неколку ситници кои треба да ги завршам. Кога се ќе биде готово, планирам во авионот да отворам хотел или ресторан“.