Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Калифорнискиот оддел за здравје предупредува дека луѓето треба да ги држат своите мобилни телефони барем едно метро на страна додека спијат, а со тоа ќе го намалат зрачењето и здравствените ризици.
Мобилните телефони пренесуваат податоци со помош на низок фрекфенциски радиски сигнали, а тоа може да ве изложе на нездраво зрачење и здравствени ризици.
Истражувањето не го докажало дефинитивно зрачењето како опасни, но постојат многу студии кои ја поврзуваат употребата на мобилен телефон со тешки болести.
„Држењето на телефонот до себе кога спиете никогаш не била добра идеја“ вели др. Девра Дејвис. Всушност и производителите на мобилни телефони се согласуваат со тоа. Во известувањето стои дека РФ емисиите на iPhone тестирани се на 5 мм околу дебелината на телефонот. Тој исто така вклучува и совети за намалување на зрачењето, како и за користење на звучникот или додатокот за хендс фри.
Калифорнискиот оддел за здравје истакнува дека овие сигнали побрзо можат да пробијат до мозокот на децата, отколку до мозокот на возрасните. Друго научно истражување покажува дека истите тие РФ сигнали влијаат негативно врз спермата на мажите, односно мажите кои го чуваат мобилниот телефон во џебот имаат послаб квалитет на спермата.
Експертите советуваат да ги држете своите мобилни понастрана додека спиете, односно да не ги чувате под перница или до вас.