Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Колку и да го сакате летото, тоа носи и некои непријатни работи, посебно навечер кога треба да се спие и одмара за новиот работен ден, а експертите не препорачуваат клима уредите да работат нон стоп.
За да не ви станат летните ноќи ноќен кошмар, ви откриваме неколку совети како лесно да заспиете.
Следниот пат кога температурите ќе бидат високи, пробајте ги овие трикови и ќе спиете како бебе.
Покрај вклучениот клима уред и вентилаторот, се препорачува „египетската метода”. Треба да ја испрскате со вода постелината или пешкирите, кои се доволно големи за да можат да ве покријат. За секој случај ставете сув пешкир под вас. Ова дефинитивно ќе ве разлади и ќе ви овозможи квалитетен сон.
Уште некои совети против жешките ноќи:
– Свртете ја перницата пред да заспиете и главата ќе ви биде на постудената страна.
– Не конзумирајте кафе пред спиење.
– Купете медицински алкохол и помешајте го со вода во однос 1:1. Ставете го растворот во прскалка и нанесете го на телото по потреба.
Ако и ова не ви помогне, можеби треба да ја пробате позата метода „раширен орел”, така своето тело ќе го држите ладно. Еден од начините е дел од постелината која доаѓа во допир со телото да ја здиплите и спакувате во пластична кеса и да ја оставите некое време во замрзнувач. Извадете ја пред да одите на спиење и не заборавајте да спиете со откриени нозе.