Advertisements
Актуелно

Специјалната обвинителка Лиле Стефанова дава изјава во ОЈО за случајот „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова денес претпладнево влезе на распит кај Обвинителката за организиран Криминал и Корупција во врска со аферата и случајот „Рекет“, каде е сослушувана од обвинителката Ивана Трајчева.

Стефанова ги одбегна камерите и незабележана влегла во зградата на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Стефанова е повикана да даде исказ откако во објавените аудио материјали се слушна нејзиното име, за која Обвинителката Катица Јанева објаснува дека ја има под нејзина контрола.

По ова, Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова преку писмена изјава објасни дека без нејзино знаење се донесувале одлуки за Империја, случај која таа го води, а каде осомничен е Орце Камчев.

Инаку од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдуваат дека на распит треба да дојде и Катица Јанева, но не откриваат кога тоа ќе се случи.

Advertisements
To Top