Home Шоубизнис Специјален непроценлив подарок од Ѓоковиќ за фудбалската легенда Дејан Станковиќ

Специјален непроценлив подарок од Ѓоковиќ за фудбалската легенда Дејан Станковиќ

Во вчерашното финале на Австрапија Опен, светскиот тенисерски ас Новак Ѓоковиќ речиси рутински го „преслуша“ исто така еден од најдобрите тенисери на денешницата, Рафаел Надал, победувајќи го со 6:3, 6:2 и 6:3.

Меѓу оние кои го бодреа Ѓоковиќ од трибините беше и бившата фудбалска легенда на Интер, Дејан Станковиќ .

Популарниот деки по големата победа во Мелбурн добил скапоцен подарок од својот пријател Новак Ѓоковиќ, рекет со потпис на најдобриот тенисер на светот.

„Фантастична игра и голема победа на најголемиот шампион. Новак уште еднаш ги подигна границите на светскиот тенис, и искрено му честитам на тоа. Беше уживање да се гледа“, изјавил Станковиќ по финалето и средбата со Ноле.

Станковиќ го доби рекетот со кој Ѓоковиќ стигна до рекордната седма титула на Отвореното првенство во Австралија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Љубовта цветаеше, но потоа следуваше крах – кој е мистериозниот маж од кого се разведува Вања Мijatовиќ по две години?

Сопругот на Вања Мијатовиќ од кого се разведува по две години Пејачката Вања Мијатовиќ за …