Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фантастично отворање а 26-то коло на шпанската Примера, но задоволни од одличната фудбалска претстава ќе бидат само гостите од Сан Себастијан. Реал Сосиеадад од Бенито Виљамарин ги однесе трите бода, со серија феноменални потези за нијанса надигрувајќи го со 2:3 инспирираниот домаќин Бетис, па викендот го дочекува како четвртопласирана екипа во националното првенство.
Сите голови на синоќешниот натпревар имаа нешто специјално во себе, но мора да се издвои вториот, односно првиот гол за Бетис, за кој со фантастичен волеј топката во мрежата ја смести Хероним Руљи.
Сепак, човек за одлука и апсолутен јунак на екпата од Еузебио Сакристан беше искуснот капитен Чаби Пријето, кој ги постигна вториот, но и одлучувачкиот трет гол за својот тим и уште еднаш ги покажа своите мајсторски способности.
Сосиедад се проби на четвртото место, додека Бетис остана на 14 позиција, но уште нема потреба за страв поради опстанок во елитното натпреварување.