Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веднаш после извлекувањето на паровите за Лигата на шампионите во Нион, своите провитници ги добија македонските претставници во плеј-офот за Лигата на Европа, Вардар и Шкендија.
Екипата на Вардар за противник го доби, турскиот гигант Фенербахче и ќе има пеколно тешка задача за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Ниту Шкендија немаше воопшто лесен ждреб, во Скопје ќе гостува тимот кој потроши најмногу ова лето екипата на италијанскиот гигант Милан.
Плеј-офот од Лигата на Европа е втора шанса за влез во групната фаза за македонскиот шампион, Вардар откако не успеа да го елиминира Копенхаген и така да си обезбеди европска есен иако беше на чекор од такво нешто, Шкендија своето место го доби после елиманцијата од литавскиот Тракаи.