Advertisements
Спорт

Спекатакл и лудница со среќен крај за Франција: Аргентина си оди дома, Мбапе го засени Меси! (видео)

Првата осминафинална пресметка донесе фантастичен натпревар! Аргентинците и Французите беа актери на натпревар кој долго ќе се памети, на крај среќно се заврши за Франција која славеше со 4:3, но реално и покажа повеќе.

Натпреварот започна отворено, без калкулации и двата селектори тргнаа да играат на гол повеќе. Веќе во осмата минута, Антоан Гризман ја погоди пречката од голот на Лорис. Само пет минути благодарение на тинејџерот, Мбапе доби прилика да изведе најстрога казна која ја претвори во погодок.

Франција играше и доминираше, Аргентина ја немаше никаде на теренот, но успеаа да изедначат и тоа со фантастичниот гол на Ди Марија во 41 минута.

На полувреме се замина со резултат 1:1.

Првите 45 минути беа само вовед во она што следуваше во вториот дел!

Во 48 минута, Меси испрати удар, топката среќно го погоди Меркадо кој успеа да ја спроведе во голот на Лорис за целосен пресврт.

Овој гол како да ги налути „галските петли“. Павард во 57 минута со перфектен волеј удар изедначува на 2:2.

И во продолжение гледавме вистонско шоу од Мбапе! Прво го врати водството на Франција во 64 минута, за само четири минути подоцна да постигне втор гол за предност од два погодоци 4:2.

Во продолжение Французите како да подзастанаа, Аргентина се обидуваше, но без посериозни прилики се до 93 минута кога Серхио Агуеро постигна гол за конечни 4:3.






m

Advertisements

Најпопуларно

To Top