Спасовски: Заканувањата кон пратениците и нивните семејства ќе бидат санкционирани!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сите оние пратеници кои изгласаа поддршка за промена на Уставот, се обезбедувани, откако беше направена безбедносна проценка за нив, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Имено, Спасовски потренцира дека пратениците се соочуваат со закани преку Фејсбук и останатите социјални мрежи, не само кон нив, туку и кон нивните семејства.

„Направивме безбедносна проценка на пратениците, претежно оние кои гласаа за отпочнување на процесот на уставни измени и тие ќе бидат обезбедувани се до оној момент, додека таа проценка не биде поинаква.Секој кој ќе се обиде да внесе таква несигурност кон граѓаните ќе биде санкциониран“, појасни министерот.