Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Отприлика еден милион жители на Македонија досега ги смениле своите лични документи, така што, според оваа динамика што ја имаме, сметам дека успешно ќе се заврши промената на сите лични документи, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
„Во континуитет работи погонот за производство на лични документи, двосменски, работи во сабота и во тој законски предвидениот рок од 15 дена се постигнува да се издадат сите лични документи кои ги имаме, така што активностите и динамиката што ја имаат вработените се приспособени за да се издадат сите лични документи“, рече Спасовски на денешната прес-конференција, пренесува 360 Степени.
Прашан дали граѓаните кои нема да успеат да извадат нови лични документи до предвидениот рок ќе бидат сакнкционирани, министерот кажа дека нема да има никаков проблем во навремено остварување на правата на граѓаните за вадење нови документи, а посочи и дека нема да се воведат никакви казни.
„Во ниту еден случај нема да станува збор за казнување на граѓаните ниту, пак, да трпат во остварување на своите права. Така што во континуитет како ќе се одвива состојбата со промена на документите такви одлуки ќе носиме, меѓутоа едно е важно дека одлуките секогаш ќе бидат во интерес на граѓаните“, додаде првиот човек на МВР.
Министерот потврди дека фреквенцијата за издавање лични документи со новото уставно име на државата е зголемена во последниот период, особено во главниот град, но додаде дека МВР разгледува одредени предлози коишто ќе помогнат во релаксирање на целиот тој систем.
„Фреквенцијата е зголемена не само оваа туку и минатата година. Некаде до 2019 година најголемата побарувачка за промена на лични документи била во месеците јуни, јули август и таа не поминувала 22-23 илјади. Минатата година за истиот период месечно имавме над 50 илјади барања за промена на лични документи и оваа година се движи таа бројка отприлика во таков еден обем“, додаде министерот.
До февруари 2024 година граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија треба да стои новото уставно име на државата кое произлегува од Преспанскиот договор.