Спасовски ќе го спасувал ноќниот живот во Скопје


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Газдите на скопските дискотеки обединети под иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ го откажаа протестот пред Владата, кој требаше да се одржи во среда со почеток во 20 часот.

Оттаму велат дека причина за откажувањето на протестот е заложбата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој како што додаваат од иницијативата,
ги слушнал нивните барања за спас на ноќниот живот во Скопје.

„Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува“ порачаа од иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“.