Спасовски хоспитализиран со висока температура


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Првиот човек на македонската полиција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура, потврдуваат од МВР, пренесува ТВ21.

Од таму велат дека Спасовски се наоѓа во стабилна состојба.

„Министерот Спасовски од вчера е на Инфективна клиника поради висока температура. Неговата здравствена состојба сега е стабилна“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Спасовски во понеделникот вечерта на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19. Тој во неделата беше во друштво на премиерот Зоран Заев и неколкуте високи партиски функционери на СДСМ за време на дигиталниот конгрес на владејачката партија.

На Инфективната клиника се лекува и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Вчера на своите профили на социјалните мрежи објавија дека се позитивни на КОВИД-19 и пратеничката Славјанка Петровска, и советникот за односи со јавност Марјан Забрчанец. Позитивен тест на ковид-19 има и портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.