Спалети: Понижувачки е да го молиме Икарди да игра, па тој не е Меси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тимот на Интер синоќа загуби на домашен терен од Лацио и додатно ја искомпликува својата позиција за пласман во Лигата на шампиони.

Тренерот Спалети и за овој натпревар не го повика Мауро Икарди, иако напаѓачот веќе една недела тренира со остатокот од тимот.

Спалети после мечот беше бесен и детално ја опиша ситуацијата околу Икарди, остана доследен на својот став и смета дека на напаѓачот се уште не му е местото во тимот.

„За мене е многу понижувачки да молимме некого да го облече дресот на Интер. Поради начинот на кој се однесуваше мора да остане надвор од екипата. Ако зборуваме реално, Икарди беше спремен за триесетина минути игра, можеби за едно цело полувреме, но тоа не е поентата. Поентата е дека во тимот имаме играчи кои гинат за овој клуб и кога не ни оди најдобро“.

„Јас како тренер секогаш сум имал кредибилитет во 22-годишната кариера. Секогаш сум ја имал поддршката на играчите и тие ја имале мојата. Она што јас го имам за задача е да ги изберам играчите кои ќе играат, сметам дека бев во право кога решив другите да играат, а Икарди да не биде ниту резерва“, изјави Спалети.

„Луѓето влеат дека сме губеле многу натпревари без Икарди, но тимот не се пласираше во Лигата на шампионите неколку години кога Икарди беше стандарден. Интер загубил многу полоши натпревари од овој со Лацио со Икарди во составот. Тој не прави разлика на теренот како Меси. Притоа сметам дека е понижувачки да молиме еден играч преку адвокат за да го носи дресот на Интер“, заклучи тренерот на „нероаѕурите“.