Спалети: Перишиќ е нашиот Роналдо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Интер, Лучијано Спалети ја имаше првата пресконференција за новата сезона пред утрешниот контролен натпревар на „нероаѕурите“ против Лугано.

Спалети е задоволен од трансферите и го постави Интер меѓу фаворитите за освојување на Скудетото.

„Клубот работи многу добро и ќе направиме тим од 20 силни фудбалери на кои ќе можиме да сметаме во сите натпреварувања. Перишиќ е нашиот Кристиано Роналдо бидејќи е многу силен физички, има одлична техника и постигнува голови“, изјави Спалети.

„Многу сум задоволен од новите засилувања. Нашата одбрана сега е многу силна, а Лаутаро Мартинез и Политано значително ќе го подобрат нашиот напад. Наинголан е играч кој ќе ни носи баланс на средината на теренот и нема да кријам дека во моментов Интер е меѓу фаворитите за Скудетото заедно со Јувентус и Наполи“, додаде Спалети.