Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Иако беше неподносливо жешко, а и гужва, човек облечен во тесно црвено-сино одело со ликот на Спајдермен трпеливо го чекаше својот ред во ВИП ложата во друштво на поскромно облечени свештеници, пред да се ракува со папата на кого му подари Спајдермен маска зашто тој „повеќе не ја носи“.
Неговото пристигнување во дворот на Апостолската палата речиси го одвлече вниманието од папата, облечен во бело. Суперхеројот, кој децата со ентузијазам го дочекаа, направи и неколку селфија со возрасните.
Костумот всушност го крие 28-годишниот Италијанец Матија Вилардита, чија животна приказна ја раскажа Осерваторе Романо, официјален весник на Ватикан, што инаку е повеќе фокусиран на теолошки теми.
Младиот човек, вработен во пристаништето во Лигурија, северозападна Италија, во последните неколку години одел во посета на болниците облечен во сопствениот костум како волонтер за да им ја врати насмевката на лицата на децата. За да биде што е можно посличен на нивниот херој, тој спортува секој ден.
Самиот тој ја поминал целата своја младост во болници каде се лекувал од вродена болест.
Претходно оваа година, италијанскиот претседател го одликувал Матија Вилардити со висок медал за несебично помагање на другите.