Space X успешно ја лансираше ракетата Falcon Heavy


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Досега најмоќната ракета, наречена Falcon Heavy, има капацитет на носивост од 64 тони. Таа беше успешно лансирана од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида.

Ракетата беше составена од четири дела. Главниот мотор, два додатни „бустери“ и еден дел кој што носеше автомобил Tesla.

По лансирањето, додатните мотори се откачија од ракетата и се вратија на местото од каде што ракетата беше лансирана и безбедно слетаа.

Главната ракета слета безбедно во Атланскиот океан, додека делот кој што го носи автомобилот Телса тргна на пат около Сонцето.