Home Вебкафе Совршено сочуван 1.600 години стар римски мозаик откриен во Сирија

Совршено сочуван 1.600 години стар римски мозаик откриен во Сирија

Римски мозаик стар 1.600 години зачуван во речиси совршена состојба е откриен во централна Сирија. Мозаикот со големина 20х6 метри е пронајден под зграда во Растан близу Хомс, кој до 2018 беше под контрола на бунтовниците во граѓанската војна.

Прикажувајќи митски сцени од Тројанските и Амазонските војни, мозаикот е опишан како еден од најретките од ваков вид. Ова е најзначајното археолошко откритие во Сирија од почетокот на војната во 2011 година.

„Ова што го гледаме пред нас е ретко на глобално ниво. Мозаикот е богат со детали и ги прикажува римскиот бог Нептун и 40 негови љубовници, но и Херкул како ја убива амазонската кралица Хиполита“, изјави Хаман Сад од Генералниот директорат за музеи и антиквитети на Сирија.

Сирија важи за археолошка ризница, бидејќи е дом на некои од најдобро зачуваните остатоци од древни цивилизации, но голем дел од локалитетите беа уништени или ограбени во граѓанската војна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…