Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На 30 ти овој месец и официјално завршува вонредната состојба. Советот за безбедност на седница закажана за утре, сабота, на пладне, во претседателската вила на Водно, ќе одлучува дали ќе има ново продолжување на истата.
Во голема мера од ова ќе зависи и во која насока би течеле преговорите на лидерите на партиите на тема предвремени парламентарни избори . Техничкиот премиер Оливер Спасовски и денеска со порака до лидерите на партиите дека компромис со уставот нема и дека по завршувањето на вонредната состојба роковите течат .
Вчера и Заев и Мицковски со омекнати ставови но и со информација дека канали на комуникација постојат и по лидерската која се одржа на Вилата на Водно . И денеска од партиските седишта официјално остануваат на веќе познатите ставови, но и оставаат простор за договор . Од ВМРО ДПМНЕ велат ќе има избори кога би се создале по поволни услови , од СДСМ пак со обвинување дека најголемата опозициска партија бега од избори .
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи пак и денеска во изјава за медиумите го повтори и веќе познатиот став на ДУИ дека 5 ти јули може да биде заедничко компромисно решение .
Во врска со овој датум вчера конкретно не се изјаснија ниту Заев ниту Мицковски . Сепак крајниот збор треба да го даде и Комисијата за заразни болести, а врз основа на тоа и шефот на државата Пендаровски треба да донесе одлука дали ќе ја продолжи или не вонредната состојба .