Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера во Куманово е приведен Тони Трајковски, еден од осомничените за претепувањето на пратеникот Зијадин Села. Информацијата ја објавија повеќе медиуми на албански јазик, повикувајќи се на извори од СВР Куманово. МВР се уште официјално не ја потврдува информацијата.
Според информациите досега објавени, Тони Трајковски е советник во општина Куманово од коалицијата ВМРО ДП и ТМОРО ВЕП. Тој на објавената видео снимка од насилствата на 27 април се гледа како го влече крвавиот Села по ходниците на Собранието.