Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јогата веќе стана своевиден тренд и пракса на сè поголем број трудници, кои сведочат дека на дело ги чувствуваат ефектите од оваа психолошко-физичка практика и филозофија на живеење.
При вежбањето, на пр., жените учат правилно дишење и држење на телото, и остануваат активни и подвижни низ целата блажена состојба.
Јогата ја поврзува мајката со бебето, така што таа учи дека треба да биде стабилна, цврста и слободна. Наташа Борота, бабица и инструкторка за јога за трудници од Србија, вели дека вежбите не само што се идеални за телото, туку и психички ја подготвуваат жената за породувањето, ги ублажува мачнините, болки во грбот, грчеви, опстипација…
„Преку јогата се учат техники за дишење кои се користат при самото породување, што ги олеснува и контракциите. Жените кои вежбаат јога, се поопуштени, пососредоточени и поподготвени за породувањето. Тие така се и психички и физички спремни жена за полесно да го поднесат сè тоа“, изјави Борота за српските медиуми.
Освен тоа, повеќето трудници кои вежбаат јога, велат дека тегобите скоро и да исчезнуваат и оти им тоа им причинува и подобро расположение.