Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Факт е дека денес, како жените, така и мажите, сакаат да експериментираат со фризури и стилови на одржување на косата. Но, кога станува збор за фарбањето, тука жените се неприкосновени во експериментите. Многу жени често сакаат да ја менуваат бојата на косата, било да станува збор за нијансирање на една основна боја, или за целосно различни бои.
За сите кои сакаат да ја осветлат или затемнат косата 2-3 нијанси – не е потребно да одите во салон, тоа може да го направите и дома.
За таа цел, ви пренесуваме неколку совети кои, доколку се придржувате до нив, ќе ви помогнат во тоа.
Поделете ја косата на прамени. Ова е важен совет за да добиете еднаква нијанса на косата.
Поделете ја косата на 4 еднакви делови, а потоа опфатете ја косата со пластична шнола. Овие 4 делови фарбајте ги по ред и со тоа ќе добиете еднаква боја. Ако вашата косата е долга и многу густа, тогаш може да ја поделите на 8 делови.
Препорачуваме фарбата да ја ставите во пластичен сад. Така на полесен начин ќе ја контролирате количината при фарбањето. Може да користите професионална четка за фарбање, а ако немате, тогаш користете обична четка за сликање или пак старата четка за заби исто така може да заврши работа. Особено внимание посветете на предниот дел на косата што паѓа на лице. Тука влакното е потенко.
Почнете да ја бојадисувате косата од коренот и почекајте 15 минути, потоа продолжете со останатиот дел од косата.
Пред тоа може да ја навлажните косата или пак користете бадемово масло и потоа нанесете ја фарбата по целата должина на косата.
Доколку во текот на боењето или подоцна забележите дека бојата е премногу темна или светла, постои начин тоа да се поправи: помешајте малку шампон и прав за осветлување, а потоа нанесете ја смесата на влажна коса и убаво распоредете ја чешлајќи се. Почекајте неколку минути и потоа измијте ја косата- ќе забележите дека нијансата ќе биде посветла.
На крај, исфенирајте се и уживајте во вашата нова и свежа боја.