Совети за момците: Еве колку пати треба да го „исцедете алатот“ за да бидете раат од рак на простата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Редовната ејакулација може да помогне за зачувување на здравјето на простата, тврдат експертите за урологија, а оптималниот број ејакулации за зачувување на здравјето на простатата е 21 месечно, или 252 годишно, пренесува Independent.

Студијата објавена во списанието European Urology, извршена на 32.000 машки испитаници, востанови дека честите ејакулации го намалуваат ризикот од ракот на простатата за 33%. Иако научниците од Харвард кои го правеа истражувањето и студијата не се целосно сигурно зошто ејакулацијата го намалува ризикот од рак на простата, веруваат дека со ејакулатот од телото се исфрлаат токсини.

„Истражувањето покажа дека мажите кои мастурбираат барем 21 пат месечно (или комбинираат секс со мастурбација толку пати месечно), имаат 33% помали шанси да заболат од рак на простата од оние кои немаат толкав број ејакулации во еден месец“, пишува во резултатите од студијата.

Ракот на простатата е трета најчеста појава на канцер кај мажите во Америка. Уролозите препорачуваат вежбање и редовни прегледи, а сега сугерираат и зачувување на здравјето на простатата со помош на ејакулација. Исто така, напоменуваат дека за развој на рак на простатата можат да придонесат и прекумерната тежина, цигарите и нездравата исхрана.